Синоќа го поместивме часовникот напред, жените мора на ова да обрнат внимание

Часовник
Часовник / Фото: МИА

Летното сметање на времето во Европа започна ноќта помеѓу сабота и недела, кога часовниците во 2 часот наутро ги поместивме на 3 часот по полноќ.

Голем број студии докажаа дека овој принцип е штетен за општото здравје, особено кога станува збор за хроничните пациенти, затоа експертите советуваат да ја зголемите грижата за себе во овој период. Американските научници тврдат дека ризикот од мозочен удар во Финска се зголемил за осум отсто во текот на првите два дена од почетокот на преминот кон летното сметање на времето, во споредба со две недели пред и по поместување на часовникот. Штетниот ефект врз срцето е најизразен во првите три дена по неделата во која е вклучено летното време. 

Од друга страна, повеќето нема да почувствуваат никакви последици, иако жените кои се грижат за својот младешки изглед и нега на кожата може да се соочат со една непријатност. Дерматолозите велат дека многу луѓе имаат проблеми со кожата во овој период

Имено, водечките дерматолози тврдат дека еден час помалку во кревет влијае на нашиот внатрешен часовник, поради што кожата почнува да старее побрзо.

„Секое нарушување на овој наш внатрешен ритам има негативни последици, повеќе или помалку, и тоа прво се рефлектира на кожата“, вели Кендис Браун од реномирана клиника во Лондон.

Истражувањата исто така покажаа дека нашата кожа има сопствен ритам според кој функционира и дека постои одредено време кога таа се обновува, обично попладне или навечер. Кога тоа ќе се наруши од пролетното поместување на часовникот, настанува нерамнотежа (дисбаланс), па затоа ѝ треба помош.

– Нашето тело е поврзано со нашиот внатрешен часовник на интересен начин. Дури и најмалите промени во овој часовник можат да влијаат на нашето здравје, особено на кожата. Доаѓа до промени во навиките за спиење, температурата на телото, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, нивото на кислород и лачењето на хормони и сè влијае на тоа како изгледа и се чувствува вашата кожа – изјави Кендис Браун, дерматолог од водечка клиника во Велика Британија, пренесува „Мирор“.

Препорачливо е да се направи пилинг на лицето за да се отстранат сите мртви клетки, како и да ѝ се даде нов сјај на кожата. Исто така, негувајте ја кожата со серум со витамините Е и Б и со богат хидратантен крем. Ова би требало да ги ублажи последиците од оваа промена.

Потсетуваме дека сѐ почесто се спомнува предлогот да се укинат ваквите практики и земјите да се одлучат за летно или за зимско сметање на времето, но одлуката за тоа е одложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот