„Синофарм“ понуди поддршка на програмата Ковакс за обезбедување вакцини за сиромашните земји

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кинеската државна компанија „Синофарм“ понуди значителна поддршка на програмата Ковакс за обезбедување на вакцини против ковид-19 за сиромашните земји, соопштија денеска од СЗО откако глобалното здравствено тело даде итно одобрување за вакцината на „Синофарм“.

Советникот на СЗО, Брус Ејворд рекол дека од „Синофарм“ зависи колку дози од своите вакцини може да допринесе за програмата.

„Тие пробуваат да понудат значителна поддршка, да направат значителни дози достапни, истовремено секако пробуваат да го заштитат и кинеското население“, рекол тој, пренесува Ројтерс.

Оваа вакцина е една од две кинески вакцини кои веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и странство, а воедно е и првата вакцина против коронавирусот, која е одобрена од СЗО, а не е развиена на Западот, наведува агенцијата.

СЗО ја одобри вакцината Синофарм за итна употреба

Исто така, СЗО за првпат даде одобрување за итна употреба на кинеска вакцина против некоја заразна болест.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рекол дека препораката е вакцинацијата со вакцината на „Синофарм“ да се спроведува во две дози, за сите постари лица од 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот