Синиша Михајловиќ повторно во болница

twitter.com/Guillaumemp

Српскиот стручњак Синиша Михајловиќ се врати во болницата „Сант Орсола“ да го започне и третиот циклус на хемотерапијата.

После гостувањето на Јувентус во рамките од осмото коло во Серија А, во кое неговата Болоња претрпе пораз од 1:2, српскиот стручњак одржа говор во соблекувалната.

– Горд сум на вас поради мечот кој го одигравте – им рече Михајловиќ на играчите.

Веднаш после натпреварот со приватно возило беше префрлен во болницата „Сант Орсола“, пренесува италијанскиот спортски дневник „Газета дело Спорт“.

Болоња со девет бодови моментно го има 13. место на табелата, а Миха веројатно во наредните два или три натпревари нема да биде на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот