Синиша Михајловиќ ја почнува најважната битка!

twitter.com/SimoBumBumCiao

Синиша Михајловиќ се наоѓа во клучна фаза од лекувањето во болницата „Света Урсула“ во Болоња.

Како што пишува „Кориере ди Болоња“, овој дел е клучен во битката на Миха со леукемијата.

– Ова е најчувствителниот и најважен дел од лекувањето – открива овој локален дневен весник и додава дека тоа е причината зошто не може тренерот да биде покрај екипата.

Спортскиот директор на Болоња отворено зборуваше на таа тема.

– Ни недостасува. Не е исто кога тој е со екипата и кога не е. Чекаме да ни го вратат – се зборовите на Рикардо Бигон.

ХРОНОЛОГИЈА НА БОРБАТА НА СИНИША МИХАЈЛОВИЌ-

-Пред точно пет месеци Синиша соопшти пред јавноста дека боледува од леукемија.
-Досега заврши два процеси во борбата против лошата болест.
-Комплетниот процес на лекувањето се одвива во болницата „Света Урсула“ во Болоња.
-Кога беше на паузи меѓу терапиите, излегуваше од болница за да ги води мечевите на својот тим.
-Доби неверојатна поддршка од навивачите на клубовите кои ги тренираше и за кои играше.
-Посебни емоции будат доаѓањата на мечевите, како кај сите играчи, така и кај тренерите и навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот