Синиша извини: Веста ја објавив како новинар, но не би го направил повторно

twitter.com/Guillaumemp

Синиша Михајловиќ остро го нападна својот долгогодишен пријател и уредник на „Кориере дело Спорт“, Иван Закарони, бидејќи пред него на насловната страница објави за состојбата на српската легенда.

„Кориере дело Спорт“објави дека Михајловиќ е тешко болен, неколку часа пред српскиот тренер да се обрати на прес-конференција на која сакаше тој прв да ги извести медиумите за неговата здравствена состојба.

– Сакав да сум прв што ќе ви кажам што се случува со мојата зравствена состојба. Но, некој не сакаше да ја почитува мојата приватност. Поради тоа продаде 200 примероци повеќе од својот весник, а уништи пријателство кое траеше 20 години – изјави Михајловиќ.

Еден  ден подоцна, Закaрони одлучи да му одговори на Михајловиќ на истото место на насловната страница на „Кореире дело Спорт“ на која ја пласираше веста која го налути болниот тренер.
–  Веста ја објавив како новинар, а не како пријател на Синиша. Сепак, денеска не би го повторил“ напиша Закарони.

Новинарот исто така ги објави и пораките кои му ги прати на Михајловиќ, а од нив е видливо дека Закерони не добил одговор.
– Никако не ја изневерив довербата на Синиша со кого не сум се слушнал повеќе од еден месец. Во петокот неколку пати се обидов да го контактирам но не успеав во намератат. Текстот го објавив откако бев сигурен дека е вистинит, а за неговата болест знаеја сите новинари. Напишав 20 реда со поддршка за него, без да споменам за која болест се работи. Портпаролот на Болоња ме замоли да не објавувам, а јас одговорив дека тоа ќе го направам дискретно и со почитување на приватноста.

Не го направив тоа за да продадам неколку стотини примероци на весникот повеќе, туку како одговор на прашањата на многумина кои знаеја дека Михајловиќ е сериозно болен. Го објавив текстот зашто на тој начин, јас сум новинар, го дадов мојот глас за поддршка на мојот пријател. По сето ова, никогаш не би го направил истото. Но, сега е битно само Синиша што побрзо да оздрави – изјави Закарони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот