ФОТО+ВИДЕО | Синиот фустан одамна е „изгорен“, а Моника Левински по 23 години ќе ја раскаже својата приказна за секс-скандалот

Фото: Википедиа

Моника Левински (47) беше во центарот на вниманието на медиумите долго откако беше откриена аферата со тогашниот американски претседател Бил Клинтон (75) и стана главна актерка на еден од најголемите светски скандали.

Последиците што ги остави овој секс-скандал врз нејзиниот живот и кариера се огромни, а конечно доби шанса да ја каже својата страна од приказната преку серијата, како субјект и продуцент заедно со режисерот Рајан Марфи (55).

Во тоа време, младата Моника имала само 22 години и работела како приправничка во Белата куќа, а аферата ја разоткри нејзината колешка и пријателка снимајќи ги разговорите.

Нејзината приказна ќе биде раскажана како дел од „Импичмент американска криминална приказна“, а Моника морала да ангажира психолошка поддршка за повторното преживување на траумата.

Левински во серијата ќе ја отелотвори актерката Бини Фајнштајн (28) која неодоливо наликува на младата Моника.

Линда Трип, државна службеничка и наводна пријателка на Моника, снимила 22 часа нејзини разговори со претседателот и ги предала како доказ.

24sata

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Клинтон беше оженет, 27 години постар, а дотогаш веќе имаше неколку обвиненија за сексуално вознемирување.

Моника сега одлучи да ја каже својата страна од приказната која за многумина ќе ја промени перспективата за познатата афера.

Monica Lewinsky

Фото: Профимедиа

За потсетување, кога информациите за нивната афера протекоа во јавноста, изби невиден скандал, а Клинтон на почетокот го негираше тоа: „Немав сексуални односи со таа жена“, изјави тој на конференцијата во Белата куќа, стоејќи покрај својата сопруга Хилари Клинтон. Но, синиот фустан послужил како доказ бидејќи на него имало траги од ДНК на претседателот, по што тој бил принуден јавно да ја признае аферата со својата приправничка.

Скандалот набрзо стана глобален, па дури и на извесно време ја затресе претседателската позиција на Клинтон. Во низа подоцнежни интервјуа, Левински објасни дека со години се криела од јавноста и често помислувала на самоубиство.

Видео на денот