-1 C
Скопје

Сингапурски морнар спасен по три месеци поминати на јахта

Морнарот лутал три месеци бидејќи пристаништата биле затворени поради коронавирусот.

Маж од Сингапур е спасен откако три месеци поминал на јахта на море, лутајќи од пристаниште до пристаниште, бидејќи државите одбивале да му дозволат да се вкотви, бидејќи пристаништата ширум светот се затворени поради пандемијата со новиот коронавирус.

Мажот е доведен на Фиџи. Тој на 2 февруари тргнал од Сингапур на крстарење што требало да трае три години.

– Пловев од Индонезија кон Папуа Нова Гвинеја бидејќи времето беше добро, но кога пристигнав до границата, таа беше затворена и продолжив кон Соломонските Острови. Тука исто така беше затворено и продолжив до Тувалу, каде не ми дозволија да се вкотвам, но ми дадоа храна, изјави Сингапурецот.

Тој на Фиџи пристигнал на 28 април, но бидејќи неговата јахта била оштетена поради силните ветрови, го спасија маринците од Фиџи, а бродот е доведен до пристаништето.

Прочитајте и...  Задолжителен ПЦР тест за влез во Швајцарија од 8 февруари

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар