Сингапур стравува од влошување на ситуацијата во Азија поради кризата со Тајван

Ли Хсиен Лунг/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг вели дека Азија е погрешно место за пресметки и дека стравува од влошување на политичката состојба на континентот, говорејќи во врска со тензиите во Тајванскиот теснец, кои, според него, веројатно нема да се смират наскоро поради длабокото сомневање и ограничениот ангажман меѓу САД и Кина, пишува Ројтерс.

Во телевизиското обраќање пред националниот ден на градот-држава, Ли рече дека Сингапур ќе биде погоден од тоа интензивно ривалство и тензијата во регионот, што треба да се подготви за иднина помалку мирна и стабилна од сега.

„Околу нас се собира бура. Односите меѓу САД и Кина се влошуваат, со нерешливи прашања, длабоки сомневања и ограничен ангажман“, рече Ли.

„Не верувам дека ќе се подобри наскоро. Понатаму, погрешните пресметки или несреќите лесно можат да ги влошат работите“ додаде тој.

Ли рече дека економските предизвици се понепосредни и дека изгледите на Сингапур се „значително заматени“, додавајќи дека владата ќе спроведе повеќе мерки во наредните месеци за да им помогне на луѓето да се справат со зголемените цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот