Сингапур со најголем раст на новозаразени во последните 12 месеци

Вакцинирање/ Фото EPA-EFE/WALLACE WOON

Сингапур денеска регистрираше најмногу заразени со коронавирус за 24 часа по повеќе од една година. Здравствените власти соопштија за нови 328 нови случаи за 24 часа откако Сингапур регистрираше повеќе од 100 заразени луѓе дневно во изминатите две недели. Има зголемување на бројот на заразени лица по постепеното укинување на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, пренесува ДПА.

Министерот за финансии на Сингапур и копретседавач со седиштето за борба против коронавирусот, Лоренс Вон, изјави дека Сингапур би можел повторно да воведе ограничувачки мерки поради коронавирусот доколку бројот на заразени нагло се зголеми.

– Во Сингапур, повеќе од 80 проценти од населението од 5,7 милиони луѓе се целосно вакцинирани против ковид-19. Иако Сингапур е една од државите каде најголем број луѓе се вакцинираа во светот, и има една од најниските стапки на смртност, не можеме да се потпреме само на вакцините за да го забавиме ширењето на коронавирусот, рече Лео Је Син, извршен директор на Сингапурскиот национален центар за заразни болести, јави ДПА.

 

Изовр: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот