Синер трет полуфиналист во Пекинг

Фото: EPA-EFE/JESSICA LEE

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг откако денеска лесно се справи во мечот против Јиржи Лехечка.

Синер одлично го отвори натпреварот и првиот сет го доби со 6:2, додека во вториот Лехечка успеа да даде нешто посилен отпор, па победникот се решаваше во тај-брејк во кој Синер беше подобар со 8-6.

Противник на Синер во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот помеѓу Андреј Рубљев и Јунчаокете Бу. Првата полуфинална двојка веќе е позната и во неа ќе се сретнат Карлос Алкараз и Данил Медведев.

Алкараз со сигурна победа до полуфинале на турнирот во Пекинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот