Синер и Алкараз ќе играат за титулата во Пекинг

Јаник Синер/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Светскиот рекет број еден и победник на Австралија опен и САД опен Јаник Синер обезбеди пласман во финалето на АТП 500 турнирот Кина опен во Пекинг, каде за титулата ќе се бори против светскиот рекет број три Карлос Алкараз од Шпанија.

Во полуфиналето, 23-годишниот Италијанец во два сета со 6-3, 7-6 (3) го победи 22-годишниот Јунчаокете Бу од Кина, која стигна до полуфиналето откако на главниот турнир влезе со покана од организаторите.

Алкараз (21) во второто полуфинале го победи светскиот рекет број пет Данил Медведев од Русија со 7-5, 6-3.

Воедно Синер чека да види дали Судот за спортска арбитража (CAS) ќе ја прифати жалбата на Светската антидопинг агенција против неговата ослободителна пресуда за наводно случајно користење на забранет стероид.

Во случај на негативен исход, Синер се соочува со суспензија од две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот