Синдром на компјутерски вид: Што се случува со очите после 3 часа гледање во екран?

Синдромот на компјутерски вид е посебна медицинска состојба која е поврзана со зависноста на поединецот од дигитални уреди, како што се компјутери, мобилни телефони, видео игри и електронски книги.

Овој проблем станува сѐ поизразен кај луѓето ширум светот, а д-р Мајкл Дуенјас од Американското здружение за оптометри наведува дека ако луѓето поминуваат повеќе од три часа на ден пред компјутер или електронски екрани, тие веројатно имаат одредено ниво на синдром на компјутерски вид.

Објаснувајќи како се манифестира овој проблем, тој наведува дека синдромот на компјутерски вид предизвикува замор на очите, може да предизвика главоболка, потоа болка во вратот, грбот, но и појави како што се дупло, а повремено и замаглено гледање.

Лекарите сметаат дека синдромот на компјутерски вид всушност не ги оштетува очите и видот, ниту пак доведува до сериозни болести како што се глауком или дијабетска ретинопатија, но прави нешто друго – површинско сушење на очите и замор до кој доведува гледањето во екранот, што е заморно за окото поради фокусирањето.

Сувите очи и заморот при гледање во екранот се претежно последица на фактот што луѓето тогаш не трепкаат доволно. Заморот се јавува затоа што се заморува мускулот што го фокусира окото на она што се гледа, а тоа се случува почесто кога гледањето е подолго, на пример со часови.

Лекарите се согласуваат дека гледањето во електронски екран е сосема поинакво од гледањето во печатен материјал, на пример книга, бидејќи печатот има подобар контраст. Многу е потешко да се фокусирате на екранот, а фокусирањето бара поголем напор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот