Синдикатот на УКИМ на преговори со претседателот на Собранието Џафери во Ректоратот

Фото МИА

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје утрово почна состанок помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов.

Средбата се одржува врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет Ангел Ристов, очекува, со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, да се постигне договор со кој ќе се остварат нивните повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот