Синдикатот на полицијата обвинува за прераспредби и дисциплински постапки, СВР Куманово демантира

Фото: mia.mk
Синдикатот на полиција на Македонија на денешната прес-конференција пред СВР Куманово го обвини началникот на секторот дека незаконски прераспределува вработени и поведува, како што соопштија, неосновани дисциплински постапки.
Од СВР Куманово, денеска ги демантираа изнесените наводи и тврдат дека од враќањето на актуелниот началник не е врачено ниту едно решение за прераспредба на вработени надвор од општина на живеење, ниту е поведена дисциплинска постапка, ниту пак кој било вработен е под притисок распоредуван на друго работно место. Од МВР демантираат дека има какво било вознемирување на кој било вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово.
Дејан Саздов, генерален секретар на Синдикатот на полиција на Македонија, на денешната прес-конференција рече дека началникот на СВР Куманово спротивно од Законот за внатрешни работи и од колективниот договор на МВР распределува вработени на работа надвор од нивното место на живеење.
– Со сознанијата со кои располагаме деновиве се испратени предлози до министерот за испраќање на неистомислениците и професионалците по желба, повторно, на „предлог” на началникот како да е негова фирмата. СВР Куманово и по други сектори за внатрешни работи надвор од нивните места на живеење каде работниците ќе треба да патуваат до работното место повеќе од 50 и повеќе километри за да стасаат на своите работни места, рече Саздов.
Тој додава дека до нивниот синдикат пристигнале информации декаа има предлози за поведување дисциплински постапки.
– Во најголем дел од нив се засновани на база на отворен реваншизам врз колегите против кои се поведуваат овие дисциплински постапки поведени од началникот на СВР Куманово. За секојдневното вознемирување на колешка пред пензија, самостоен инспектор што секојдневно регулира сообраќај спротивно на нејзиниот опис и попис на работните задачи воопшто не сакаме да говориме Ќе кажеме срамота, вели Саздов.
Синдикатот на полицијата на Македонија, рече, ги осудува овие појави, најави дека ќе ги поддржат колегите, ќе им овозможи правна поддршка и апелира до министерот за внатрешни работи и до Комисијата за распоредување и унапредување од МВР да ги преиспитаат кадровските разместувања насекаде не само во овој сектор, а со тоа, нагласи да се избегне непотребното оптоварување на буџетот на МВР по основ на тужби и работни спорови.
Секторот за внатрешни работи Куманово ги демантира како што велат, изнесените невистини, од страна на претставници на еден од синдикатите во МВР.
– Во однос на прераспоредување на работници надвор од место на живеење, од враќањето на актуелниот началник на СВР Куманово не е врачено ниту едно решение за прераспоредување на работници надвор од општина на живеење, односно од едно во друго место. Во врска со покренување на дисциплински постапки, исто така, во овој период не е покрената и не е водена ниту една дисциплинска постапка, ниту пак некој вработен е под притисок распоредуван на друго работно место. Демантираме и дека има какво било вознемирување на кој било вработен во СВР Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот