Синдикатот на ЕСМ бара од надлежните институции да го проверат работењето на поранешниот синдикат на ЕЛЕМ

Синдикатот на АД ЕСМ порачува дека се загрозени правата на нивините синдикални членови од, како што велат, лица кои се претставуваат во име на поранешната згасната синдикална организација на ЕЛЕМ и бараат надлежните институции да го проверат работењето на поранешниот синдикат на АД ЕЛЕМ.

-Ги повикуваме сите надлежни институции и истражни органи да влезат во документацијата на поранешниот синдикат на АД ЕЛЕМ кој повеќе не постои и кој остави само оштетени работници и неисплатени долгови и да проверат како се работело до 2017 година. Да преиспитаат каде и на кои сметки се префрлале парите кои се добивале од членарина и од фирмата, кои законски следувале. Како од синдикалната сметка се префрлани на сметка на ССЕРИ, па на КСС,…, што не смеело да се прави бидејќи станува збор за различни правни субјекти, рече претседателот на Синдикалната организација на АД ЕСМ, Јове Смилевски на денешната прес-конференција во компанијата.

Тој нагласи дека целта на уплатите што неправилно ги правело поранешното раководство на синдикатот на компанијата била да не им се плати на надворешни правни лица на кои синдикатот долгувал.

-Неисплатените долгови кои останаа по згаснувањето на стариот синдикат ги сервисираше ЕСМ со цел да се заштитат вработените кои беа инволвирани во ваква ситуација од страна на стариот синдикат и кои имаа земено различни стоки на рати преку синдикатот. Најоштетени беа работниците кои останаа и без дрвата за огрев кои ги имаа нарачано преку синдикатот, рече Смилевски.

Сметаме, додаде, дека лицата од стариот синдикат водат нелегитимни процеси, се сомневаме во издржаноста на одредени одлуки и очекуваме да паднат на повисоки судски инстанци.

-Ги демантираме сите наводи и манипулации изнесени деновиве од страна на т.н. Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ) при КСС кои се претставуваат во име на работниците на ЕСМ, потенцира Смилевски и додаде дека КСС и ССЕРИ не се репрезентативни синдикати за разлика од нив и ССМ.

Драге Јовановски претседателот на МЕСО посочи дека стариот синдикат на АД ЕЛЕМ должи околу 300.000 евра од кои околу 100.000 евра на Македонски шуми за дрвата на вработените во ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот