Синдикатите и „жолтите елеци“ на заеднички протест во Франција

Фото: МИА

Синдикатите и „жолтите елеци“ денеска одржуваат собири во Амиен, Лион, Ница, Нанси, Париз и во други француски градови во знак на протест поради пензиските реформи. Истовремено штрајкот во јавниот превоз продолжува, јави дописникот на МИА.

Штрајкот во транспортот, кој трае вече 24 дена, сериозно ги нарушува плановите на Французите за заминување или враќање од одмор за време на божиќните празници.

Неколку синдикати повикаа на протести денеска, на кои им се придружија и жолтите елеци, особено во главниот град на Франција.

Забележани се судири меѓу „жолтите елеци“ и полициските сили, а употребен е и солзавец.

Засега не се очекува решение на социјалниот конфликт за реформата во пензискиот систем, имајќи предвид дека Владата веројатно ги одолговлекува преговорите, кои се закажани дури за 7 јануари, надевајќи се дека бројот на демонстрантите ќе се намали, а јавноста ќе се сврти против нив поради блокадите во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот