Синдикати: Владата ја смени Уредбата за субвенционирање на плати

Здружени синдикални организации и здруженија на граѓани за заштита на работничките права ја поздравија одлуката на Владата за измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати.

„Изминативе денови објавивме јавно барање до Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање работници во фирмите кои користат државна поддршка за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата. По брзата и солидарна мобилизација на повеќе организации и синдикати, Владата ја смени штетната одредба. Ја поздравуваме одлуката на Владата и се надеваме дека, во интерес на довербата, нема да ретерира од неа, под притисок на бизнис заедницата која егзистира од работниците“, соопштија денеска здружените синдикати и здруженија на граѓани.

Оттаму посочуваат дека успехот е заеднички и оти нема да дозволат товарот од кризата да го понесат работниците. Како што велат остануваат на нивните барања кои претходно ги доставиле до Владата и до барањата од првомајскиот проглас.

„Инсистираме да бидеме партнери при носењето на сите економско-социјални одлуки“, истакнуваат од синдикалните организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот