Синдикат на полицијата: Работата и успешноста на една работна организација се должи пред се на професионалноста

Фото: Принтскрин МИА

Работата и успешноста на една работна организација се должи пред се на професионалноста, искуството и доследноста на вработените. Функционирањето на хиерархијата во таа организација е од есенцијална важност за навремено, законски и целисходно изработување на планови за работа во сите аспекти од работењето, нивна имплементација и извршување во секојдневното работење на таа организација но и на подолг временски период, за сето тоа да допринесе кон позитивен исход во работата и почитување на правата и обврските кон работникот, како основна компонента во секоја работна организација.

Вака изгледа пораката од Синдикатот на полицијата во врска со работата на организациите и нивната професионалност.

„Бидејќи во одредени работни организации целата работа ја извршува човечки фактор неопходна е потребата од следење и надгледување на таа работа за да се избегнат пропусти, недоследности па и девијантни појави кои допринесуваат кон неквалитетно,недомаќинско работење кое ќе резултира со неуспешност,намален квалитет и во крајна инстанца до распад на системот на работа и хиерархијата во таа организација“- велат оттаму.

 

Тие посочија дека  Синдикатот на полицијата во Македонија одреден временски период будно ја следи работата и функционирањето на МВР и работата на посебните оддели со нивното раководство во извршувањето на нивните обврски и работни задачи.

„За жал, како Синдикат, во многу краток временски период забележавме и документиравме многу недоследности и можни девијантни појави во определени Сектори, Оддели на МВР и чувствуваме морална и етичка обврска тоа да се објави за да се спречи понатамошната таква или слична пракса“- додаваат оттаму.

Тие го поставија и прашањето зошто наведениот Оддел или МВР нема никаква евиденција за тоа колку работници го тужеле МВР за неисплаќање на законски заслужениот додаток? И дали  тоа значи дека МВР не знае колку парични средства се одлеале од нивната сметка само по овој основ, треба да одговори првото лице на тој Оддел.

Но според нив тука постои и дилема, дали Министерот за внатрешни работи нема веќе контрола врз тој оддел и одлевањето на средствата или воопшто не ни знаел што и како се работи?! Во секој случај хиерархијата и нејзиното функционирање потфрлило и затоа Министерот потпишал решенија за исплата на бонус плата за 2017-та година, истакнаа тие.

 

Напоменаа и  дека по основ на судски спорови, работниците на МВР добиле огромни парични средства во претходните години, по различни основи.

„Самото тоа што таквата пракса продолжува масовно од 2015 година па до ден денес, за со доаѓањето на сегашниот Министер за внатрешни работи не е прекината, односно не се преземени мерки со кои би се нормализирала исплатата на работниците по тие основни редовно, месечно или по договор, ни дава за право да тврдиме дека Министерот за внатрешни работи навистина нема контрола врз финансиското работење на сопственото Министерство“, изјавија од синдикатот.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот