Синди Крафорд: Жената која го создаде терминот супермодел и постави нови стандарди во модната индустрија

Instagram
Фото: Инстаграм

Модниот свет навистина се смени откако Синди Крафорд (54) во 1986 година се појави на насловната страница на списанието „Vogue“, фотографирана од Ричард Аведон. Од самиот почеток, таа стана синоним за идеалот за женска убавина и наскоро и самата Синди сфатила дека, благодарение на нејзиниот сенс за бизнис, може да изгради име со кое многу добр о може да заработува.

Instagram
Instagram

Иако официјално се повлече од модата уште пред 20 години, таа сепак со задоволство одговара на повиците на драги пријатели, долгогодишни соработници или учествува во проекти со нејзината ќерка Каија.

Instagram
Instagram

Благодарение на социјалните мрежи денес, лесно можете да заклучите дека убавината не е невообичаена. Убавината е секаде околу нас и мислам дека тоа е многу охрабрувачко за секоја жена. Пред сето тоа, во списанијата се појавуваа само убавици, а денес можете да отидете на „Instagram“ и да најдете некој за кого никогаш не сте чуле и кој можеби нема следбеници, но можете да ја видите таа убавина. Понекогаш во игра се филтрите, ни јас не сум имуна на нив, но една жена многу добро ја наоѓа таа убавина во себе“, изјави Синди.

Крафорд заедно со Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Хелен Кристенсен, Кристи Турлингтон и Линда Евангелиста во 90-тите години на минатиот век самоуверено владееја со светските модни писти, благодарение на нив се создаде терминот – супермодел.

Instagram
Instagram

На почетокот навистина мислев дека зборот супермодел е смешен и глупав. Се сеќавам дека мислев дека е толку излитен што нема шанси да преживее. Згрешив, и денес сите модели се супермодели“, изјави Синди.

Поминаа повеќе од 30 години откако таа стана најплатената манекенка на светот, но и од моментот кога со своите добри деловни одлуки отвори пат за некои нови имиња и лица на кои им помогна и самите да сфатат дека се многу повеќе од само убави лица на модните писти.

Instagram
Instagram

Синди Крафорд е родена на 20 февруари 1966 година во американската држава Илиноис, како второ од четирите деца на електричарот Џон Крафорд и неговата прва љубов Џенифер Вокер. По раѓањето го добила името Синтија Ен Крафорд која пораснала во типично американско семејство, живеејќи живот како повеќето нејзини врсници. Но, на само осум години, нејзиниот свет се срушил откако на нејзиниот помал брад Џефри му била дијагностицирана леукемија и починал само неколку недели пред неговиот четврти роденден.

По што следнувале низа непријатни настани, четири години подоцна нејзините родители одлучиле да се разведат. Овие две големи загуби направиле трите сестри, Синди, Крис и Даниел да се фокусираат на учење.

Instagram
Instagram

Бидејќи нејзината мајка по разводот се нашла во многу лоша финансиска состојба, Синди решила да ѝ помогне и да заработи пари. По разводот, бидејќи нејзиниот татко ги користел парите за да ја контролира својата поранешна сопруга, Синди започнала да работи за нејзината мајка да не мора веќе да бара пари од него. Сето тоа ја научило дека е важно да биде финансиски независна, но исто така ѝ дало доза на самодоверба.

Instagram
Instagram

Како тинејџерка, можела да добие работа како чистачка или работа во локалните фарми, а токму на една од тие фарми била забележана и фотографирана од фотограф на локален весник. Само една година подоцна, таа се пријавила на натпреварот „Look of the Year“, и станала една од финалистите.

Почнав да работам многу рано и работев напорно. Кога започнав со моделирање, сметав дека тоа е мојата работа, а не начин на живот“, изјави Синди Крафорд.

Instagram
Instagram

Во 1986 година се преселила во Њујорк и го добила прекрарот „Baby Gia“, зашто неодоливо потсетувала на познатиот топ модел Гиџи Каранги а воедно ѝ помогнало да се „пробие“. Пресвртот во нејзината кариера се случил кога била избрана да ја краси насловната страница на списанието „Vogue“ и поради одлуката дека нема да ја „скрие“ бенката над нејзината горна усна, несвесно поставила нови стандарди во модната индустрија.

Благодарение на нејзината интелигенција, но и фактот дека од почетокот имала многу сериозен пристап, таа „сруши“ многу стереотипи, а нејзината одлука да се соблече гола за списанието „Playboy“ во 1988 година, како и да прифати да ја води „House of Style“ од 1989 до 1995 година уште повеќе го дополни нејзиниот успех.

Instagram
Instagram

Така почнале да се редат ангажманите, Синди почна да снима кампањи и немаше дизајнерска модна ревија во која не беше ангажирана. Само до 1998 година, таа имаше повеќе од 500 насловни страници на најпрестижните списанија во светот, но и реклами за звучни компании.

Уште еден пресврт во нејзиниот професионален живот било кога решила да лансира линија козметика наречена „Meaningful Beauty“.

Instagram
Instagram

Тогаш доживеав транзиција, веќе не бев само обичен модел и беше доста ризично затоа што моделите добиваат плата благодарение на она што го рекламираат, без оглед дали е успешно или не. Значи, беше страшно затоа што немаше гаранција дека ќе успеам. Во тие години, не знаете кога ќе заврши вашата манекенска кариера, па затоа бев свесна дека би било добро да започнам сопствен бизнис“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот