Синди Крафорд се прошета во опуштено издание, но поради еден детаљ стана мета на критика (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Американската манекенка и еден од најпопуларните супермодели на деведесетите години, Синди Крафорд (54) се прошета по празните улици во Лос Анџелес.

Синди Крафорд: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

За време на прошетката Синди се појави во опуштено издание, во многу едноставна комбинација од бела кошула и фармерки кои совршено ја истакнуваат нејзината фигура.

Поранешната манекенка е фотографирана во Малибу додека купувала продукти за својот дом, а во рацете држи две големи хартиени кеси.

Кога ќе ја погледнете Крафорд, ама буквално ништо не и недостига кога станува збор за стајлингот, но по се изгледа таа го заборавила најважното:

Фото: Профимедиа

Синди на себе немаше заштитна маска за лице, со оглед на тоа дека во Калифорнија заштитната опрема е задолжителна кога се излегува надвор од дома.

Таа веднаш беше искритикувана од фановите, кои воопшто не беа умерени во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот