Синди Крафорд го прифати предизвикот: Oбјави фотографија од минатото со својот сопруг и ги воодушеви сите! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Славната менекенка Синди Крафорд објави фотографија на која покажа дека изгледа еднакво убава и атрактивна како и пред повеќе од 20 години.

Всушност, Синди се придружи на еден од предизвиците кои се актуелни на друштвените мрежи, а ги охрабрува и паровите кои се долго време заедно да го направат истото и да се присетат на почетокот од врската.

Profimedia

54-годишната Синди објави фотографија од плажа, на која позира со сопругот Ренди Гербер. Тогаш биле заљубен пар на почетокот од својата романса, а Синди ја покажа и својата природна убавина – без грам шминка на лицето.

„Нашето прво патување во 1994 година“, напиша манекенката.

„Како е можно се уште да изгледате исто?“, „Прекрасни сте“, „Изгледате како да не сте остареле ниту ден, која е вашата тајна?“, се само некои од коментарите на воодушевените фанови.

Синди и Ренди следниот месец ќе слават 27 години брак, а заедно ја имаат ќерката Каја и синот Присли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот