Син на полска пратеничка се самоубил откако на радио кажале дека е жртва на педофилија

Фото Твитер

15-годишниот син на полската пратеничка Магдалена Филикс од владејачката партија Право и правда (ПиС) извршил самоубиство откако државно радио го идентификуваше како жртва на педофилија. Филикс изјави дека нејзиниот син Миколај се самоубил во февруари, пренесува „Гардијан“.

„Радио Шчечин“ претходно објави детали за жртвите на осуден педофил, што овозможи јавноста лесно да го идентификува синот на пратеничката. Радиото ја откри возраста на малолетните жртви и кажа дека една од нив е син на локална пратеничка.

Педофилот, кој бил осуден во 2021, бил опишан како поранешен член на Граѓанска платформа и ЛГБТ активист.

Полската јавност го осуди случајот кој брзо се прошири низ медиумите.

Опозициските политичари ја обвинија ПиС дека ја искористила приказната за сопствена политичка корист, и дека барем делумно е одговорна за смртта на момчето. ПиС цврсто ги контролира полските медиуми и води кампањи против ЛГБТ заедницата.

„ПиС ќе одговара за сите човечки штети и трагедии што ги предизвикала додека беше на власт“, изјави лидерот на Граѓанска платформа, Доналд Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот