Симулација на нуклеарна војна меѓу САД и РУСИЈА: Светска војна со милиони човечки жртви (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Американските научници кои се учесници во проектот Наука и глобална безбедност од Универзитетот Принстон, изработија симулација на нуклеарна војна меѓу САД и Русија.

Според нивното сценарио, во првите часови на судирот би можело да загинат или да бидат ранети повеќе од 90 милиони луѓе, пренесе „Спутник“.

Авторот на симулацијата Алек Глесер објави на Јутјуб и на официјалниот сајт на проектот видео-снимка во траење од четири минути под називот „План А“, на кој е прикажан модел на нуклеарниот судир меѓу САД и Русија.

Според сценариото, судирот започнува со примена на конвенционалното вооружување, но Русија потоа изведува нуклеарен напад на пограничната територија на Германија и Полска, за да ги воздржи силите на САД и НАТО во Европа. Потоа, како одговор НАТО користи нуклеарно оружје во напад на областа во близина на руски Калининград. Според објавеното сценарио, како резулат на сите настани, конфликтот прераснува во тактичка нуклеарна војна на територијата на Европа, а потоа се шири и на териториите на САД и Русија.

– Симулацијата за на можната ескалација на воени дејствија меѓу САД и Русија. Притоа се земе во обзир реалното позиционирање на нуклеарните сили, целите, како и бројот на смртни случаи. Според проценките, во првите неколку часа ќе загинат или ќе бидат ранети повеќе од 90 милиони луѓе – стои на сајтот на проектот.

Авторите тврдат дека проектот е мотивиран од потребата да се истакнат потенцијално катастрофалните последици од нуклеарната војна меѓу двете светски сили.

Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков изјави дека недоговорните чекори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголемуваат ризикот на нуклеарен судир и дека Москва е приморана да реагира на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот