Симулација на гласачкиот процес во организација на ДИК: Надлежните сметаат дека има услови за безбедно гласање (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во организација на Државната изборна комисија денеска во просториите на средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје се одржа симулација на гласачкиот процес, кој ќе се одржи во земјава на 15 јули.

На самиот настан присуствуваше и потпретседателката на ДИК, Димтмире Шеху, членови на ОБСЕ/ОДИХР, претставници на Министерството за здравство, како и министерот Венко Филипче, но и претставници на политичките партии.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На настанот кој се одржа гласачите се придржуваа до сите мерки за претпазливост, со што симулацијата го опфати целиот избирачки процес во реални услови.

Фото: Слободен печат

-Ова е голем предизвик за нас бидејќи за првпат организираме избори во услови на пандемија, па само преку почитување на сите мерки кои ги применуваме денеска можеме да имаме успешен изборен процес – нагласи потпретседателката Шеху.

Гласачите чекаа на растојание од два метри за влез на гласачкото место, а при влегување се вршеше задолжителна дезинфекција на раце и сите присутни носеа заштитни маски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-ДИК спроведе симулација за тоа како би изгледал денот на гласањето, како би се имплементирале превентивните мерки и протоколите кои што произлегоа од Комисијата за заразни болести врз основа на принципите за одржување на дистанца, носење маска и задолжителна дезинфекција на рацете. Сметам дека прилично добро е организирана работата во рамките на тоа што би означувало еден сигурен процес за апсолутно сите гласачи, заради тоа што сето тоа се спроведува така како што е пропишано од Комисијата и нема апсолутно никаков ризик. Има услови целосно да се испочитуваат принципите за превентивните мерки и протоколот од Комисијата во целост да биде имплементиран – изјави министерот за здравство Венко Филипче по завршувањето на симулацијата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во петок се очекува да се започне со комплетната дезифенција на сите избирачки места во Македонија, согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Најголем дел од избирачките места годинава ќе бидат сместени во фискултурните сали, а мал дел во ходниците во училиштата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот