Симптоми на леукемија кои често ги игнорираме

Ова се најважните симптоми на леукемија.

Леукемија е опасна болест која може да се развие многу брзо, па брзото дијагностицирање е од исклучителна важност.

Леукемија или рак на крвта вклучува голема група болести кои се разликуваат според факторите за развој. Со леукемија може да биде зафатена и коскената срцевина на која ѝ е нарушена функцијата за создавање бели крвни зрнца и поради тоа телото станува чувствително на сите видови инфекции.

Статистичките податоци покажуваат дека од оваа болест најчесто заболува популација на возраст од 50 до 70 години, а симптомите можат да бидат различни за различни видови на болеста. Сепак, постојат некои заеднички симптоми за сите типови леукемија.

Ова се најважните симптоми на леукемија:

Бледа кожа – ладни раце, анемија

Умор – константен умор

Инфекција и грозница – чести инфекции

Диспнеа – отежнато дишење и недостаток на воздух, особено после физичка активност.

Долго заздравување на раните – кожата лесно се оштетува

Болки во коските и зглобовите – силна или пригушена болка

Главоболка – долготрајни и силни главоболки

Воспаление на жлездите и лимфните јазли

Атипично крварење

Губење на телесната тежина

Болки во стомакот, надуеност, болки во долниот дел од грбот, мачнина, повраќање

Потење, крварење од носот

Слушајте ги сигналите на вашето тело, раната дијагноза на леукемија е клучен фактор за нејзино лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот