5 C
Скопје

Симптоми на новиот вид на коронавирус: Еве по што се разликува

Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на зараза со новата мутација на коронавирусот, која брзо се шири низ Велика Британија.

Симптомите се слични како кај последната варијанта на коронавирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски „Експрес”.

Симптомите кај заразените со новата мутација на коронавирусот може да варираат од исклучително тешки до речиси незабележливи.

Американскиот експерт Ентони Фаучи истакна дека пациентите можат да чувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело.

Во извештај неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности” кај заразените со новата мутација на коронавирус да е утврдена поголема стапка на смртност.

Прочитајте и...  Со „марш против патријархатот" одбележан 8 Март во Приштина

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новата мутација на коронавирусот е поврзана со поголема стапка на смртност”, јави Си-Ен-Ен.

Поврзани вести

ВИДЕО: Кинеските регулатори ја истражуваат тепачката меѓу пилот и стрјуард: Едниот заврши со скршена рака, а другиот со скршен заб

Слободен печат

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше книги на членките на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Слободен печат

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти, слободни кревети има

Слободен печат

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 353 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Слободен печат

Бугарија под присмотра за корупција до 2026

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените до поголем потенцијал на економиите

Слободен печат

Остави Коментар