Симптоми кои укажуваат дека можеби сте метеоропат

Unsplash
Unsplash

Многумина деновиве се „декларираат“ како метеоропат бидејќи се чувствуваат лошо заради мрачното и променливо време. Сепак, постојат специфични симптоми кои покажуваат дека го имате овој проблем.

Метеоропатијата е опишана како „болест на лошо време“, затоа што луѓето, дури и оние кои се целосно здрави, чувствуваат одредени здравствени проблеми кога се менуваат еден или повеќе метеоролошки фактори (температура и влажност, ветер, атмосферски притисок…). Симптомите се ментални и физички, а се јавуваат како резултат на недоволната способност на нашето тело да се прилагоди на новите временски услови.

Менталните симптоми се рефлектираат преку промени во расположението, замор, поспаност, слаба концентрација, несоница, нервоза.

Физички симптоми вклучуваат главоболки, болки во зглобовите, гадење, болка во мускулите или во областа на некои рани и повреди кои се санирани, физичка слабост, хипертензија, респираторни проблеми.

Симптомите на метеоропатија се појавуваат 24 – 48 часа пред промена на времето и тие се намалуваат кога навистина се случуваат метеоролошките промени.

Кај млади и здрави луѓе, метеоролошките проблеми се лесни и скоро незабележливи, додека кај постари и хронични пациенти тие можат да бидат толку изразени што бараат посебен третман.

Видео на денот