Симовски за пописот: Со лаптопи ќе заштедиме над два милиони евра!

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По информациите за јавната набавка на Заводот за ревизија, тешка околу три милиони евра, со која се набавуваат 5.650 лаптопи, директорот на институцијата, Апостол Симовски открива дека тие ќе се користат за претстојниот попис во април, додавајќи дека дополнително и ќе се заштеди.

– Ваков тип на јавна набавка најавив уште пред три години, кога изјавив дека првиот нареден попис што ќе го изведуваме, ќе се спроведува со комбиниран метод, односно со користење на лаптопи. Овој метод дава можност за квалитетно прибирање и обработување на податоците, наместо хартијата, со која пописот би не чинел поскапо за околу два до 2,5 милиони евра. Набавивме голем број на лаптопи, а во зависност од потребите очекувањата се најголемиот дел од нив потоа да ги донираме на Министерстовото за образование и наука, изјави за Слободен печат Апостол Симовски.

На прашањето колку попишувачи ќе бидат ангажирани, тој одговори дека станува збор за најмалку пет илјади попишувачи.

– Бројката веројатно ќе варира, во зависност и од тоа колку преведувачи ќе бидат неопходни заради познавањата на јазикот, но во секој случај ќе бидат потребни најмалку пет илјади лица, заклучи Симовски.

Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека пописот ќе се спроведе најдоцна во април, а средства се веќе предвидени во буџетот.

Заев: Попис во април!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот