Симовски: Постојат одредени структури кои што не сакааат пописот да се спроведе

Апостол Симовски / Утрински брифинг

Текот на пописот е во рамките на она што го очекувамвме па дури и со темпо кое што мислиме дека е подобро од очекуваното. Добро е што е така, бидејќи имавме неколку дневен не прекин, туку намален интензитет на попишување од причини кои што ги објаснив – од технички карактер кои се надминети, изјави за Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Дневно во работни денови просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот период да биде уште подобро, додава Симовски.

Факт е дека населението масовно ја прифаќа оваа операција и обидите пописот да се бојкотира и пропадне паѓаат во вода, вели Симовски.

Откако почна пописот цел на хакерски напади е нашата веб страница. Имаше обид да се нападне и системот. Не сум стручњак во оваа област, но знам дека штета не е направена, но штета е што нашата веб страна е ретко досатапна за граѓаните, смета Симовски.

Постојат одредени структури кои што не сакааат пописот да се спроведе. Ако е причината борба за власт а притоа да се уништи државата, тогаш чуму ни е таква власт, изјави Симовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот