Симовски го објави списокот, ракометарките во Скопје по мундијалски бараж

Фото: РФМ

Селекторот на македонската женска сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светското првенство 2021 година во Шпанија.

Собирот на нашата најдобра селекција е на 15 март, ракометарките се дел од квалификациската група „2“ заедно со Грција, Исланд и Литванија.

Натпреварите од групата ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во период од 19-21.03.2021 година. Првопласираните две репрезентации ќе се најдат во баражот.

19.03.2021 (17.45 часот) Македонија – Исланд

20.03.2021 (17.45 часот) Македонија – Литванија

21.03.2021 (17.45 часот) Македонија – Грција

Список на повикани ракометарки –

1. ДРАГАНА ПЕТКОВСКА /
2. МАТЕЈА СЕРАФИМОВА MACCABI ARAZIM RAMAT-GAN (ISR)
3. ЈОВАНА МИЦЕВСКА OGC NICE COTE D’AZUR HANDBALL (FRA)
4. АНАСТАСИЈА НИКОЛОВСКА ЖРК ЧАИР
5. САРА РИСТОВСКА CSKA (RUS)
6. ТЕОДОРА ДУКОСКА ЖРК СТРУЖАНКА
7. ЕЛЕНА ЛИВРИНИЌ SCM GLORIA BUZAU (ROU)
8. САЊА ДАБЕВСКА DUNAUJVAROSI KKA (HUN)
9. АНГЕЛА ЈАНКУЛОВСКА ЖРК КУМАНОВО
10. МИЛИЦА НИКОЛИЌ ЖРК МЕТАЛУРГ
11. АНДРЕА СЕДЛОСКА RK LOKOMOTIVA (CRO)
12. СИМОНА СТОЈКОВСКА BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
13. ДАЈАНА ЈОВАНОВСКА A.C. PAOK (GRE)
14. СИМОНА СТОЈАНОВСКА ZRK NAISA (SRB)
15. АЛЕКСАНДРА БОРИЗОВСКА ЖРК КУМАНОВО
16. ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА LE POUZIN HB O7 (FRA)
17. ЕЛЕНА ЃОРЃИЈЕВСКА CS MAGURA CISNADIE (ROU)
18. ЈОВАНА КИПРИЈАНОВСКА ЖРК КУМАНОВО
19. ИВАНА ЏАТЕВСКА ЖРК ВАРДАР
20. ИВАНА ГАКИДОВА ZRK NAISA (SRB)

Видео на денот