Симовски апелира законот за попис да се донесе што поскоро

фото Архива

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изрази надеж дека политичките партии  и пратениците ќе најдат разбирање и време к да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели, е од исклучително значење за државата и за сите граѓани.

– Ова е исклучително важна операција за целата држава и за сите граѓани во неа, така што се надевам дека парламентарците ќе најдат разбирање и време да се посветат на ова прашање и законот да се донесе што е можно побрзо. Се разбира нема пропаѓање, затоа што може да има само одложување на пописот, рече Симовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно пописот кој се планираше да се одржи во април следната година да пропадне, со оглед на тоа што се уште нема договор за законот.

Дефинитивно, вели директорот на ДЗС, пописот ни е нужно потребен и мора да го спороведеме.

– Дали тоа ќе биде во април или нешто подоцна не знам, но ќе мора да го спроведеме. Се надевам дека  ќе има попис во најскоро време, зашто тоа е нешто што е во интерес на сите граѓани на државата, а не во интерес на било која политика опција во Парламентот, рече Симовски одговаракќи на прашањс по промоцијата на Првиот национален извештај за родов индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот