Симонс: Лука ја заслужува наградата

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Бен Симонс кој минатата година беше прогласен за најдобар дебитант, вели дека сега таа награда треба да ја добие играчот на Далас маверикс, Лука Дончиќ.

„Лука“ е одговорот на Симонс.

На молбата да објасни зашто Словенецот ја заслужува наградата, тој појасни:
„Зошто?. Како мислите зошто? Игра подобро, неговиот тим победува на повеќе натпревари. Тре Јанг е вистински „убиец“, но кога ќе се собере се, мислам дека Далас игра подобро и Лука има голема заслуга за добрите резултати“.

Лука Дончиќ во дебитантската сезона бележи просечно 21.1 поен, 7.6 скокови и 5.9 асистенции по натпревар додека бекот на Атланта, Тре Јанг има просек од 18.9 поени, 3.6 скокови и 8 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот