Симоне му изрази благодарност на Гризман

EPA-EFE/Atletico de Madrid

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека е благодарен на напаѓачот Антоан Гризман за се што направил за „јорганџиите”.

„Првин, благодарен сум му на Гризман за петте фантастични години поминати во клубот. Можам само да му кажам благодарам за се што направил. Многу го сакам како човек и имам одличен однос со неговото семејство”, рекол Симеоне.

Како што пренесува „Марка”, Симеоне додал дека клубот и тој сториле се што можеле со Гризман, и дека го смета за најдобриот стрелец во историјата на клубот. .

Гризман во Атлетико дојде во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а со мадридскиот клуб играл во финалето на Лигата на шампиони и ја освоил титулата на Лига Европа.

Изјавата на Симеоне уследи по објавата на францускиот фудбалер дека следната сезона ќе замине од Мадрид, и дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот