Симиќ: Не бркаме шампионски титули, очекувам пласман барем во првите шест

Тренерот на КК Работнички, Тони Симиќ/Фото: kfsm.mk

Денеска почнува јубилејната 30 сезона во Првата македонска кошаркарска лига, најтрофејниот клуб Работнички својот прв натпревар ќе го има денеска од 16.30 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на гостински терен против МЗТ Скопје Уни Банка.

Тимот од „Градски парк“ е предводен од тренерот Тони Симиќ, овој клуб е во фаза на своевиден „ребилдинг“ на сите клупски нивоа.

– Имаме целосно променета екипа и стручен штаб со некои 35 до 40 дена подготовки и засега сум задоволен од смисла на залагање на играчите на самиот тренинг како и Суперкупот каде пресуди немањето искуство на играње на ваков вид натпревари кај поедини играчи.

Грешките се грешки тоа се надополнува, но клучно беше искуството за овој млад тим. Кратко време сме заедно и овие играчи сè уште не се распознаваат на вистински начин и мислам дека како одминува сезоната ќе биде на уште повисоко ниво и поголем квалитет.

Целите за сезоната со оглед на промената на играчкиот и тренерскиот кадар е да се стабилизира клубот и да почне да доликува за Работнички, нешто што за нас е многу важно.

Амбициите конкретно е што е можно повеќе од младите играчи да испливаат на крајот на сезоната како носители за следната година и очекувам пласман барем во првите шест. Не бркаме шампионски титули, но сакаме да растеме од натпревар во натпревар – вели Симиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот