Симбол на љубовта во време на коронавирусот: Фотографијата на двајцата медицински работници го трогна светот

Фотографијата на двајцата медицински работници кои нежно се допираат еден со друг преку заштитните визири го обиколи светот, а на социјалните мрежи од луѓето од целиот свет беше прогласена за „симбол на љубовта“.

Трогателната прегратка на Минди Брок (38) и нејзиниот сопруг Бен Кајер (46) под целосна болничка опрема, ја снимил колега од Општата болница во Тампа, Флорида, а Минди за „Асошиетед прес“ во четвртокот раскажала што ѝ претходело на прегратката за да им упати на сите важна порака.

Минди рекла дека тоа утро се расправале за тоа каква музика да слушаат на радио во автомобилот и кој ќе ги измие садовите кога ќе се вратат дома, но дека сѐ заборавиле додека биле на пауза во болницата, каде што со колегите се борат против пандемијата на коронавирусот.

Сите сме заедно во оваа борба

– Сите тривијални работи за кои се расправавме за тоа утро, се небитни кога ќе ги погледнете од поширока перспектива – рекла Минди Брок, која смета дека фотографијата предизвикала симпатии затоа што сите сме заедно во она што ни се случи и дека затоа стана симбол на надеж и љубов.
Парот се венчал пред пет години, а како медицинска сестра и техничар за анестезија се изложени на ризик да добијат ковид-19. Воведувањето на цевката на пациентот преку устата во дишните органи бара близок контакт, а бидејќи инфекцијата се шири преку капки, тие мора да носат опрема што обезбедува најголем степен на заштита.

Мајка ѝ позитивна на коронавирус

Досега успеале да го сочуваат здравјето, иако мајката на Минди е позитивна на ковид-19, а и покрај стресот на работа тие велат дека се среќни што заедно поминуваат низ кризата.

– Машките колеги плачат поради нас, бидејќи нивните семејства не можат да бидат со нив. Невозможно е да се опише што се случува тука ако не сте во брак со медицински техничар. Тој го знае тоа – рекла Минди, повикувајќи ги луѓето да се држат заедно додека трае кризата.

Минди додава дека за нив е важно да бидат обединети, да работат заедно и секогаш да си помагаат едни на други. Целиот човечки род, не само сопругот и таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот