Симбол на една епоха: Се снима серија – „Јованка Броз и тајните служби“

Instagram
Фото: Инстаграм

Во музејот на Југославија се одвива снимањето на играно – документарната серија „Јованка Броз и тајните служби“, по сценарио од поранешниот директор на Военобезбедносната агенција, генералот Светко Ковач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusan Maksic (@dusan_de_maksic)

Низ десет епизоди ќе биде раскажан животот на вдовицата на Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на СФРЈ, во режија на Недељко Ковачиќ, а премиерата е закажана за во септември на РТС.


Со оваа серија целта е да се покаже во која мера службите на безбедност имале влијание на тоа младата и убава партизанка да отиде да работи во кабинетот на маршалот на Југославија и да стане личност од негова најголема доверба, а потоа сопруга и животен сопатник. Ќе бидат прикажани најважните настани од животот на Јованка Будисављевиќ, подоцна Броз, од доаѓањето на работа во Белиот дворец, мажачката за Тито, гламурозноста и симбол на една епоха на Титова Југославија, до аферите и многубројните основани и неосновани обвиненија, разделбата од Тито, целосната изолација и животот во нехумани услови до нејзината смрт.


Серијата е заснована на богатиот материјал собран низ многубројните сведочења од непосредни учесници и резултати од истражувањата на српски и странски историчари. Искусни психолози и психијатри ќе се обидат што попрецизно да го прикажат психолошкиот профил на Јованка и да им покажат на гледачите дали биле основани обвиненијата на некои луѓе блиски на Тито дека таа била „психијатриски случај“, параноична и љубоморна или била само горда и достоинствена.


Ќе се дознае и зошто блиските луѓе на маршалот сакале да ја разведат од него и што сè користеле за да ја исполнат целта. Исто така, ќе се дознае и дали некои настани од нејзиниот живот сè уште се прекриени со превез од тајни. Младата Јованка ја игра Милица Томашевиќ, а Тито, Небојша Дугалуќ, додека актерката Снежана Савиќ ја глуми Јованка на зрели години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот