Симбол на ЧЕРНОБИЛСКАТА РЕНЕСАНСА: Таа е единственото бебе кое се родило во озрачената зона

Profimedia

Единственото дете родено во висококонтаминираната чернобилска зона по катастрофата во 1986 година израснало во здрава млада жена.

Чернобил е повторно топ тема благодарение на истоимената минисерија, но Маријка во неа не се појавува, иако за неа кажуваат дека претставува „симбол на чернобилската ренесанса“.

Twitter

Маријка, која наскоро ќе го прослави 20. роденден, студира во Киев. Кога е родена, во 1999 година, украинсите власти се обиделе да го скријат нејзиното раѓање во семејството на чернобилските работници кои илегално живееле во зоната на евакуација од 30 километри.

Нејзините родители одбиле да ја напуштат зоната бидејќи властите не им понудиле алтернативно сместување. Многумина ги малтретирале и ги обвинувале за „убивање“ на ќерката, пишува Мирор.

Пливала во реката во која од рибите кои ги ловел нејзиниот татко Михаил за да го прехрани семејството, Гајгеровите бројачи „полудувале“. Пиела млеко од крави хранети на чернобилските пасишта, озрачени од нуклеарната експлозија, пишуваат медиумите.

Нејзината мајка Лидија Совенко морала да ги негира гласините за здравјето на нејзината ќерка.

„Ако луѓето мислат дека е мутант и дека има две глави, не се во право. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво, колку што можеме да видиме“, рекла во едно интервју.
Маријка денес не сака да размислува за минатото, а сама си ги финансира студиите работејќи во модерен бар.

„Луѓето овде веруваат дека Маријка е симбол на чернобилската ренесанса, знак од Бога, кој тие го толкуваат како да е благослов да се живее овде и дека животот се враќа на ова ослабено место, вели нејзината 66-годишна мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот