Силвио Берлускони е итно примен во болница поради проблеми со срцето

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е итно примен во болница во Монако.

Како што изјави неговиот личен лекар Алберто Зангрило, Силвио Берлускони (84) бил примен во болница во Монако поради проблеми со срцето.

Италијанската агенција АНСА прва ја објави оваа вест, а докторот Зангрило изјави дека го видел Берлускони во понеделникот и дека решил да го префрли во блиската болница, наведувајќи дека смета дека не е паметно да го донесат во Италија, оддалечена околу 15 километри.

Засега е нејасно дали неговите проблеми со срцето се надминати.

Берлускони имаше операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простата. Тој беше хоспитализиран минатиот септември поради заразување со вирусот корона. Откако се опорави од вирусот, тој пред новинарите изјави дека вирусот претставува „еден од најопасните предизвици за неговиот живот“.

Медиумскиот тајкун Берлускони останува на чело на опозициската партија Форца Италија. Неговата болест доаѓа откако Италија беше погодена од политички хаос откако малцинскиот коалициски партнер на владејачкото мнозинство ја напушти италијанската влада.

Медиумите шпекулираат дека некои членови на Форца Италија може да влезат во сегашната администрација и со тоа да спречат предвремени избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот