Силверстон останува во календарот на Ф1

Договорот на Ф1 со организаторите на трката за Големата награда на Велика Британија истекуваше по наредната трка но по двегодишни преговори, конечно е потпишан договор „Силверстон“ да остане во календарот на Ф1 до 2024 година.

– Отсекогаш зборувавме дека доколку сакаме нашиот спорт да има светла иднина мора да ги задржиме историските патеки, а „Силверстон“ и Велика Британија се колевка на нашиот спорт. Тука почна се во 1950 година – изјави Чејс Кери првиот човек на Формула 1.

Договорот ќе беше постигнат и порано, но дојде до застој кога медиумите објавија дека постојат планови да се одржи улична трка во Лондон во наредните неколку години но сопствениците на Ф1, компанијата Либерти Медиа, ги увери челните луѓе на „Силверстон“ дека нивната намера е да ги задржат сите историски патеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот