Силното невреме однесе една жртва во Англија

Фото: Apex

Страшно невреме ја зафати Велика Британија, повозрасна жена загинала откако дрво паднало на нејзиниот автомобил во Дорсет, објави „Дејли меил“.

Поради невремето бил откажан морскиот сообраќај со траекти од Довер кон францускоро пристаниште Кале. Според метеоролошката служба во Англија, ветерот дувал со брзина од 128 километри на час.

Ветерот уривал дрвја, а биле блокирани и некои железнички линии.

Железницата откажала некои линии и предупредила на можни доцнења поради силниот ветер. Силното невреме посебно ги погодило Дорсет и Девон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот