Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Силното невреме во Црна Гора вечерва предизвика поплави во Котор и Тиват, поради што имаше големи проблеми во сообраќајот.

Од дирекцијата за вонредни состојба на министерството за внатрешни работи на Црна Гора издадоа предупредување дека до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови, проследени со дожд, грмежи и силен ветер, пишува Vijesti.me.

Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град. Постои можност за торнадо и силни налети на ветер.

Предупредување за Западен Балкан: Најавен пороен дожд, град и можни торнада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот