СИЛНО НЕВРЕМЕ во Централна и Северна Албанија, за 10 минути 290 молњи (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Тирана и други албански градови во вечерните часови се зафатени од невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и засилен ветер.

Воената метеоролошка служба- ВМС, известува дека во поголеммиот дел од земјата, главно во централна и северна Албанија имало големи врнежи од дожд и невреме во раните вечерни часови.

Врнежите биле проследени со молњи и силни ветрови. Според мерењата на ВМС, за 10 минути имало 290 молњи, пренесува Балканвеб.

Според оваа Служба, ситуацијата ќе биде ваква најмалку до утре попладне. ВМС соопшти дека повеќе врнежи од дожд имало во Тирана, Елбасан и Лежа.

Топ Чанел пак дознава дека дел од градот Драч е без електрична енергија.

Фото: Фејсбук

Од друга страна градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај преку постирање на Фејсбук информирал дека од дождот паднале неколку дрвја.Тој апелирал до граѓаните да ги минимизираат движењата додека градските екипи не ги чистат улиците и отстрануваат дрвјата.

Инаку, Албанија во саботата беше погодена од силен земјотрес од 5.8 степени според Рихтер, кој остави зад себе повеќе од 900 уништени домови и 130 повредени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот