Силно невреме погоди делови од Полска и Чешка, големи штети и неколку повредени

Силно невреме во Полска / 1 и 2 јули 2022 / Фото: EPA

Силно невреме, придружено со град, синоќа зафати делови од Полска и Чешка, уривајќи дрвја и покриви од куќи, а пријавени се и неколку повредени.

Во полската покраина Померанија, историска област во северозападниот дел на земјата, што излегува на Балтик, во невремето се повредени седум лица, меѓу кои и двајца пожарникари, јави полската агенција ПАП.

На селскиот пат во Чојник дрво паднало врз автомобил со пет лица, меѓу кои две деца.

Низ цела Полска пожарникарите во последните 24 часа интервенирале дури 3700 пати, а најголем дел од нив биле интервенции поради уништени покриви и паднати рвја и два пожари предизвикани од гром.

Без струја во Полска останаа 125.000 домаќинства, додека во Чешка во темница се 1200 домаќинства.

Невреме во Полска / 1 јули 2022 / EPA-EFE/MARCIN BIELECKI
Невреме во Полска / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa
Невреме во Полска / 2 јули 2022 / EPA-EFE/Tytus Zmijewski

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот