СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА СТРЕСЕ ДАЛМАЦИЈА: Поплави и обилни врнежи на јадранското приморје

Фото: Принтскрин/Далмација данас

Подрумите на Диоклецијановата палата во Сплит се поплавени, откако силната олуја која траеше во текот на ноќта го погоди регионот на Далмација и други локации на хрватскиот дел на Јадранот, пренесе српски „Курир“.

Освен обилните дождови, значително се подигна нивото на морето, па и покрај поставените пумпи, водата успеа да влезе во Диоклецијановата палата.

Одговорните лица во Музејот на град Сплит се обидуваат да ја извадат водата од подруимте на ова римска палата, а притоа уште од почетокот на утрото им помагаат и пожарникарите. Силен дожд и понатаму паѓа во Сплит и регионот, пренесе локалниот портал „Далмација данас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот