Силно невреме ја погоди Славонија, откорнати покриви и дрвја во Славонски Брод и Нашице (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Настрадале покриви на куќи, автомобили, сообраќајни знаци и дрвја, а пожарникарите во моментов ја санираат штетата.

Невремето во Славонски Брод предизвика штета – ветерот носеше покриви и корнеше дрвја.

Во центарот на градот нема поголема штета, сепак во некои делови бурата однесе покриви, а еден се запалил, објави SBplus.hr.

„Се чини дека најлошо помина населбата Матија Иваниќ. Таму, колку што ми е познато, на две куќи ветерот им ги однесе покривите, а еден е запален. Имено, поради силниот ветер кој дувал дошло до краток спој на електричните кабли над покривот, и тој се запалил. На терен се пожарникарите од Славонски Брод и го санираа пожарот, соопштија од оваа служба.

Има штета и на Железничката станица, а стебла се откорнати на повеќе места. Според податоците на службите, невремето почнало во 13?55 часот, и паднале 17л/м2 дожд, а во еден момент е забележан ветар со јачина од 49км/час.

Невремето го погоди и нашичкиот крај, а ТВ Нашице  јавува дека орканското невреме предизвикало голема штета.

Настрадале покриви на куќи, автомобили, сообраќајни знаци и дрвја, а пожарникарите во моментов ја санираат штетата.

Страшно невреме во Хрватска: Паѓаше град со големина на орев, ветерот корнеше покриви (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот