Силно невреме го прекина траектниот сообраќај во Хрватска: Затворени и повеќе патишта

Фото: Принтскрин

Поради силно невреме на среден Јадран, траектната линија Макарска – Сумартин денеска била откажана, а попладнево беа откажани и катамаранските линии Сплит-Вис, Сплит-Бол-Јелса и Сплит-Хвар-Вела Лука-Убли.

„Во попладневните часови невремето ќе достигне и до 70 километри на час, што создава повеќеметарски бранови ризични за пловидба, па затоа решивме да ги прекинеме овие линии“, рече Јелена Ивулиќ, директорка на агенцијата „Јадролинија“ во Сплит, пренесува „Хина“.

Таа истакна дека тие ги следат прогнозите на метеоролозите и дека врз основа на тоа ќе донесат одлуки кога повторно ќе бидат воспоставени овие линии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот