Силно невреме ги погоди Огулин и Карловац

EPA-EFE/Alberto Valdez

Хрватските градови Огулин и Карловац денеска ги погоди невреме, проследено со дожд и град, објавија хрватските медиуми.

Како што наведува хрватски „Индекс“, во текот на утрото во овие градови било сончево, а потоа околу 11 часот, небото одеднаш се заоблачило и почнал да врне дожд, а потоа и град.

Температурата на воздухот во Огулин за еден час паднала од 17,6 степени на само 7,7 степени, иако дувал слаб ветер.

Агенцијата „Хина“ пренесе дека не е пријавена никаква штета, бидејќи градот бил со големина на зрно грашок, иако локални медиуми информираа дека на некои места зрната биле со големина на орев.

„Бурата дојде од север меѓу 11 и 12 часот и се упати кон југ, а донесе и град“, изјавил за „Хина“, метеорологот од Огулин, Викторио Слишковиќ.

Во попладневите часови врнежите престанале и делумно се разведрило, но грмежите продолжиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот