Силниот земјотрес ги поместил Сисак и Петриња до 86 сантиметри

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Државната геодетска управа на Хрватска спровела контролни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак утврдила дека Петриња и Сисак се поместени до 86 сантиметри по силните земјотреси. Исто така, утврдено е дека имало и висинско поместување на територијата на Глина од 10 сантиметри.

– Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемо поместување покажуваат точките на подрачјето на Петриња и тоа со средни вредности на поместување од 45 сантиметри во насока на југоисток, додека средните вредности на движење на Глина изнесуваат 10 сантиметри кон северозапад, односно 10 сантиметри кон североисток за подрачјето на Сисак… Исто така, утврдено е поместување од 10 сантиметри (спуштање на тлото) за подрачјето на Глина, објави Цивилната заштита.

По разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени што се случи на 29 декември 2020 година на подрачјето на Сисак и Петриња, следуваше низа средно силни и послаби земјотреси.

Последниот беше синоќа, 21 минута по полноќ, со епицентар на 9 км од Петриња со магнитуда од 3,4 степени според Рихтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот