Силниот дожд не ги поколеба илјадниците граѓани да се соберат на антивладин собир во Хонг Конг (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, повеќето облечени во црно, се собраа вчера на антивладин собир во Хонг Конг, и покрај силниот дожд.

Протестите, кои честопати беа и насилни, траат веќе 11 недели.

– Жителите на Хонг Конг се уморни од протести, ваков развој на ситуацијата никој не очекуваше и не посакуваше. Премногу е топло и врне дожд. Беше тешко само да се појавиш тука – изјави 24-годишен студент, учесник на протестите.

Тој истакна дека граѓаните мораат да бидат тука бидејќи немаат друга можност и најави дека ќе истраат во своите барања се додека Владата не покаже почитување какво што заслужуваат.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Слободен Хонг Конг“ и „Демократија веднаш“.

Протестите во Хонг Конг започнаа во јуни прво поради незадоволството поради законот за екстрадиција, а потоа и поради стравувањето од загрозување на загарантираните права според формулата „една држава, два система“, која е воспоставена откако Велика Британија и го врати Хонг Конг на Кина во 1997 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот