Силни турбуленции на летот од Келн до Скопје ги преплашија патниците (ВИДЕО)

Фото: Илустрација/Профимедиа

Силни турбуленции и тресење на авионот на синоќешниот лет од Германија кон Македонија ги преплашил патниците. Според пишувањата на порталот ин7.тв, незгодната појава во авионот траела подолго од нормалното, кај патниците можел да се почувствува големиот страв и паника.

Како главна причина за силните и долги турбуленции во авионот се смета појавата на силен ветер.

– Се вознемиривме. Турбуленциите беа силни и траеа долго. Во еден момент видов еден паднат патник на кој што стјуардесите му помагаа. Не ми се случило никогаш порано ова, открива еден од патниците во авионот за ин7.тв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот